На 17.03.2024 година, во Неделата на простувањето, кога Црквата годинава го прославува споменот на преподобниот Герасим Јордански, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше света Литургија во храмот на свети Мина во Проевце – Куманово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.







