На 22.03.2015 година, во четвртата недела од Великиот пост, посветена на св. Јован Лествичник, кога Црквата го прославува споменот на св. Четириесет севастиски маченици и св. Четириесет битолски маченици, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во храмот на света Троица во Куманово служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

