На 14.01.2026 година, кога Црквата го слави Обрезанието Господово и светиот Василиј Велики, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше света Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.






