Осветување на храм посветен на св. пророк Илија, во с. Огут и Света Литургија во Петтата Недела по Педесетница

На 25.07.2021 год., Петта Недела по Педесетница (св. маченици Прокло и Илариј, св. Вероника), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј изврши осветување на храмот посветен на св. пророк Илија, во с. Огут (кривопаланечко) и служеше Света Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.