На 14 Февруари 2026 година, во навечерието од Неделата на страшниот суд, отците на Црквата востановија да си спомнеме за сите упокоени во Христа наши браќа и сестри.Со благослов на Преосвештениот Епископ Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше панихида на гробот на блаженоупокоениот Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.Спомни ги Господи и сите што се упокоиле со надеж на воскресение и вечен живот. Спомни ги нашите православни отци, нашите прадедовци, татковци, браќа и сестри и сите православни христиіани и насели ги заедно со Твоите светии таму, каде што свети светлината на Твоето лице.




