Литургија на претходноосветени дарови во манастирот на Св. Јоаким Осоговски

На 14.04.2021 год., среда од петтата седмица на Великиот Пост, (св. Марија Египетска; св. Мелитон, епископ Сардиски; преп. Прокопиј Чех), во манастирот на Св. Јоаким Осоговски, во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.