Литургија на претходноосветени дарови во манастирот на Св. Јоаким Осоговски

На 16.04.2021 год., петок од петтата седмица на Великиот Пост, (свети Никита Исповедник; свети Павле Неволник; свети маченик Улпијан), во манастирот на Св. Јоаким Осоговски, во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.