На 19.08.2023 год., Преображението на Господ Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот г. Јосиф служеше Света Литургија во манастирот на Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Пред Литургијата, во чтец го произведе Теодор Смиљков. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.










