На 23.05.2025 год., кога црквата го слави споменот на преподобниот Јоаким Крчовски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Митрополитот г. Јосиф, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и Епископот Дремвицки г. Давид, служеше Света Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.











