На 08.08.2025 година, на празникот на св. мч-чка Параскева Римјанка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Петка во Бедиње – Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







