Претпразненство на Успение на Пресвета Богородица

На 27.08.2026 година, во претпразненството на Успението на Пресветата Владичица наша Богородица, во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, првојерархот на Кумановско-осоговската епархија, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, отслужи Божествена Литургија.На Божествената Литургија, меѓу присутниот верен народ, беше и Неговата Екселенција, претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски. Неговото молитвено присуство на празничните литургии е перзистентно и во континуитет дава придонес во одржувањето на традицијата и споменот на светителското дело на Свети Јоаким Осоговски.По завршувањето на Божествената Литургија, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј му се обрати на верниот народ со пригодни зборови.На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.