Во средата од првата седмица од Великиот Пост (4 март 2020 г.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови.
На Божествената Литургија присуствуваа свештениците од Кумановско-осоговската епархија, кои после Литургијата пристапија кон светата тајна исповед. Со благослов на митрополитот Јосиф, свештениците ги исповедаше протојереј-ставрофор Доброслав Бошковски.
На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

