Во средата од втората седмица од Великиот Пост, 11 март 2020 г., во храмот на света Троица во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

