Литургија на претходноосветени дарови во Кратово

Во средата од третата седмица од Великиот Пост, 15 март 2017 г., во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.