Во средата од првата седмица од Великиот Пост (16 март 2016 г. по Хр.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, присуствуваа свештениците од Кумановско-осоговската епархија, кои после литургијата пристапија кон светата тајна исповед. Со благослов на митрополитот Јосиф, свештениците ги исповедаше протоереј-ставрофор Доброслав Бошковски. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

