Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

Во средата од шестата седмица од Великиот пост, 20 април 2016 г., во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.