Во петокот од првата седмица од Великиот Пост (23 февруари 2018 година), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови.
На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

