Литургија на претходноосветени дарови во Крива Паланка

Во петокот од четвртата седмица од Великиот Пост, 24 март 2017 г., во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.