На 07.07.2025 година, кога Црквата го прославува Раѓањето на свети Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Јован Крстител во Кратово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







