Рождество Христово – Божик

На 07.01.2026 година, кога го прославуваме Рождеството по плот на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм на Св. Никола во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.