На 17 април 2024 година (во навечерието на Велики петок), во храмот на свети Мина во Куманово, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј ја отслужи Утрената богослужба за Велики петок, на која се читаат 12-те свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.







