На 06.10.2024 година, во Неделата на сите македонски светители, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во соборениот храм на Свети Климент Охридски во Скопје, сослужуваше на Света Литургија, по повод 25-годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан –на тронот на Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската Православна Црква. На Светата Литургија началствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски, г. Петар, Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, Струмички, г. Наум, Повардарски, г. Агатангел, Крушевско-демирхисарски, г. Јован, Европски, г. Пимен, Брегалнички, г. Иларион, Тетовско-гостиварски, г. Јосиф, и Нивните Преосвештенства, Епископите: Дељадровско-илинденски, г. Јоаким и Делчевско-каменички, г. Марко. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







