На 15 август 2024 година, Неговата Светост Патријархот Бугарски и Митрополит Софиски г. г. Даниил, во храмот„Успение на Пресвета Богородица“ во Ќустендил, Република Бугарија, ја возглави Божествената Литургија во чест и спомен на Успението на Пресветата Богородица (по Григоријански календар).
На Неговата Светост Патријархот г. г. Даниил му сослужуваа Високопреосвештените Митрополити Кумановско-осоговски г. Григориј и вомировен Кумановско-осоговски г. Јосиф и Преосвештените Епископи Браницки г. Пахомиј и Велбужски г. Исак, како и клирици од Бугарската и од Македонската Православна Црква.
По Божествената Лигургијата, на плоштадот Велбужд, Патријархот Даниил изврши торжествен водосвет и осветување на празничните лебови
Нa Божествената Литургија верниот народ се причести со Христовите тајни.









