Сретение Господово

На 15 февруари 2024 година, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Литургија во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.