На 29.08.2020 год., празник на свети Јоаким Осоговски, преподобен Јосиф Спилеот, св. маченик Диомид, спомен на Пренесувањето на неракотворниот образ (убрус) на Господ Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј во сослужение со митрополитот Брегалнички г.Иларион, кој чиноначалствуваше, и со митрополитот г.Јосиф, служеше Света Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски, во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.




































