На 09.08.2026 година, Недела десетта по Педесетница кога Црквата го празнува споменот на светиот Климент Охридски, светите Седмочисленици и светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Пред Литургијата во чтец го произведе богословот Христијан Петрески. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.










