На 08.08.2021 год., Седма Недела по Педесетницa, празник на св. маченичка Параскева Римјанка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во храмот на Св. Петка, во нас. Бедиње, Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.






