Света Литургија на празникот на свети пророк Илија – Илинден и на светите Пречистански преподобномаченици

На 02.08.2022 год., празник на свети пророк Илија – Илинден и на светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј  во сослужение со Епископот Врањски г. Пахомиј, Епископот Стобиски г. Давид и  Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, служеше Света Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Р. Србија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј, отслужи панихида за спомен на учесниците во двата Илиндена, како и оние што ги положија своите животи за слобода на Македонија. Воедно митрополитот на присутните им посака многу години да го славиме денот на македонската република.