На 09.01.2025 година, кога Црквата го слави светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во храмот на свети Јован во Кратово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.






