Свети Емилијан Доростолски

На 17.07.2023 година, кога Православната Црква го прославува споменот на Свети Емилијан Доростолски, на покана од Митрополитот Доростолски г. Јаков, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, началствуваше на Архијерејската вечерна богослужба во катедралниот храм на светите апостоли Петар и Павле во Силистра, Р.Бугарија.

Чествувањето на Свети Емилијан Доростолски, продолжи утрото на 18.07.2023 година со Света Архијерејска Литургија, на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Доростолски г. Јаков.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот г. Јаков му се заблагодари на Митрополитот г. Григориј за почитта кон свети Емилијан Доростолски, при што му подари Архијерејска Панагија, мало архијерејско облекување и свети мошти на Свети Григориј Палама. Митрополитот г. Григориј му се заблагодари на Митрополитот г. Јаков за поканата и му подари Архијерејски жезол.

На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.