На 22.02.2026 година, во Неделата на Простувањето, кога си спомнуваме и за споменот на светиот Христов новомаченик Ѓорѓи Кратовски, во храмот на свети новомаченик Ѓорѓи Кратовски во Кратово беше отслужена Света Златоустова Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше епископот Ваљевски г. Исихиј во сослужение на Високопреосвештените Митрополити г. Григориј и г. Јосиф, архимандрит Фотиј, протојереј-ставрофор Блаже Цековски, протојереј-ставрофор Драган Алексовски, ѓакон Милош Јаковљевиќ и ѓакон Христијан Мишевски. Многубројниот верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.По завршувањето на Литургијата, со Празнична Литија и пеење на тропарот на светиот новомаченик Ѓорѓи Кратовски, архијерејите и свештенослужителите се упатија кон градскиот плоштад во Кратово, каде што беше извршен Мал Водосвет и беше прережан славскиот колач.



















