Празникот на преп. Наум Охридски свечено прославен во Охрид

Прославата во чест на преподобниот Наум, Охридскиот чудотворец, започна на 02 јули во манастирот на Белото Езеро, кој самиот го изградил, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, игуменот Григориј, свештениците Димче Азески и Владо Недески, јеромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Откако заврши Вечерната богослужбба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пастирска беседа.

Празнувањето на преподобниот Наум Охридски продолжи и следниот ден, на 03 јули 2016г., со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, архимандритот Нектариј, протојереј-ставрофор Тоди Јован од Албанската православна црква, игуменот Григориј, свештеникот Владо Недески, јеромонасите Наум и Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Јосиф се обрати пред неизбројниот верен народ со пригодна празнична беседа.

Извор: Дебарско-кичевска епархија