Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, сесловенски просветители

На 24 мај 2025 година кога Црквата го слави споменот на светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Божествена Златоустова Литургија во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.