Свети рамноапостолни Константин и Елена

На 3 јуни 2024 година, денот кога Црквата го слави споменот на светите Константин и Елена Рамноапостолни, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Литургија во  храмот посветен на светите цареви во селото Вак’в – Кратовско. На Светата Литургија сослужуваше протојереј-ставрофор д-р Ацо Гиревски. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.