Свети славни и сефални апостоли Петар и Павле – Петровден

На 12.07.2023 год., кога ги прославуваме светите славни и сефални апостоли Петар и Павле, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј, служеше Света Литургија во храмот на Света Троица, во Куманово. На Светата Литургија сослужуваа и: архимандрит Васијан (Змеев) од Руската православна црква (настојател на Руското подворје во Софија, Р. Бугарија), протојереј-ставрофор Блаже Цековски, протојереј Антониј Петрушевски, јереј Филип Станковски, јереј Илија Сламков и протоѓакон Кире Горгиев.

На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.