На 28.08.2026 година, во предвечерието на славата на свети Јоаким Осоговски, во Осоговскиот манастир посветен на овој светител, во молитвено присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот на Тулчеа г. Висарион од Романската Православна Црква и Митрополитот г.Јосиф, вечерна богослужба во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка служеше Митрополитот Доростолски г.Јаков од Бугарската Православна Црква, во сослужение со отец Никола Кодели од Албанската Православна Црква и бројно свештенство од Кумановско-осоговската епархија.
На 29.08.2024 година, кога Православната Црква го празнува споменот на Свети Јоаким Осоговски, во неговиот манастир во Крива Паланка, беше отслужена Света архијерејска Литургија. Литургијата беше возглавена од Преосвештениот Епископ на Тучеа г. Висарион од Романската Православна Црква, во сослужение на Нивните Високопреосвештенства Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополит Доростолски г. Јаков од Бугарската Православна Црква, Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополит Австралиско-новозеландски г. Никола, Митрополит г. Јосиф и Неговото Високопреосвештенство Епископот Новобрдски г. Иларион од Српската Православна Црква – викарен епископ на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј. На Божествената Литургија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола, кон собраќата архијереји, свештенството и верниот народ, се обрати со пригодна беседа.На Божествената Литургија верниот народ се причести со светите Христови тајни.


















