На 13.04.2025 година, кога Црквата го прославува Влегувањето Христово во Ерусалим, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Димитриј во Кавадарци. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.








