На 25 мај 2017 година, кога Црквата го слави Вознесението Христово, во храмот на Вознесението Христово во с.Романовце – Куманово, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата беше извршен мал Водосвет и беа прекршени славските колачи.

