Осветување на храм на св. великомаченичка Недела

На 19.07.2015 година, во седмата недела по Педесетница, кога Црквата го прославува преподобен Сисој Велики, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф го освети храмот на света Недела во село Зубовце, Кумановско. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.