Преображение Христово

"Преображение Христово"

На 19.08.2025 година, кога Црквата го слави Преображението Христово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.  Григориј служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија сослужуваше и јеромонах Александар Галушка, секретар на московското подворје на црквата на Чешките земји и Словачка, заедно со архимандрит Фотиј Костовски, протојереј-ставрофорите Блаже Цековски, Александар Смиљков и ѓаконот Орце Ѓошевски, од нашата епархија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.