На 8.12.2020 година, кога Црквата го слави споменот на свети Климент Охридски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм Свети Никола, во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.


