На 18.04.2021 год., недела на св. Марија Египетска (светите маченици Агатопод и Теодул; преподобен Марко Трачески), во храмот на Свети пророк Илија, во с. Миладиновци, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.








