Литургија на претходноосветени дарови во манастирот на Св. Јоаким Осоговски

На 21.04.2021 год., среда од шестата седмица на Великиот Пост, (светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј; свети Нифонт, епископ Новгородски; свети Келестин, папа Римски), во манастирот на Св. Јоаким Осоговски, во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.