На 23.04.2021 год., петок од шестата седмица на Великиот Пост, (Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив; Свети шест илјади маченици во Грузија), во манастирот на Св. Јоаким Осоговски, во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.










