На 18.01.2022 год., Навечерие на Свето Богојавление (Преп. Синклитикија; Св. свештеномаченик Теопемпт, епископ Никомидиски и маченик Теона; Св. пророк Михеј; Преп. Аполинарија), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Утрена богослужба, Царски часови и Вечерна богослужба со Света Василиева Литургија во храмот на Св. великомаченик Мина, во с. Проевце, Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Светата Литургија беше извршен Голем Водокрст.












