На 23.03.2022 година, среда од третата седмица на Великиот пост, св.мч. Кодрат, преп. Анастасија, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени Дарови, во храмот Свети Јован Крстител во Кратово. На Светата Литургијата верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.









