Света Литургија на празникот на Влегувањето Господово во Ерусалим – Цветници

На 17.04.2022 година, Влегувањето Господово во Ерусалим – Цветници, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј во сослужение со митрополитот Брегалнички г. Иларион и митрополитот г. Јосиф, служеше Света Литургија во храмот св. Архангел Михаил во Виница. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.