На 04.10.2022 година, по повод прославата 690 години постоење на манастирот „Св. Никола“ во Врање – Србија, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, на покана од Епископот Врањски г. Пахомиј, а во сослужение на голем број Архиереи од СПЦ и МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во манастирот „Свети Никола“ во Врање – Република Србија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

















