На 16.10.2022 година, Недела 18 по Педесетница, и канонизација на преподобниот Кирил Пејчиновиќ – Лешочки, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а сослужуваа повеќе Архиереи на МПЦ-ОА, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Повардарски г. Агатангел, митрополитот Брегалнички г. Иларион, митрополитот Европски г. Пимен, митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Стобиски г. Јаков, Епископот Антаниски г. Партениј, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово.
На Светата Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката бр.57 од 11.05.2022год. на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ – Лешочки е вброен во диптихот на светиите на Православната Црква. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.






