Свети четириесет маченици во Севастија (Младенци)

На 22.03.2023 год., на празникот на Светите четириесет маченици во Севастија (Младенци), во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Литургија на претходноосветените дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.